Дома Моторспорт Кими испиша историја – доминација на Мерцедес во Шангај

Кими испиша историја – доминација на Мерцедес во Шангај

По двојната победа во Австралија (Расел победи пред Антонели), видовме дека Џорџ во спринт трката донесе нов триумф за Мерцедес, а во главната трка во недела Антонели победи пред неговиот тимски колега.

На победничкиот подиум им се придружи Луис Хамилтон, што сигурно го радува седумкратниот шампион по цели една година без подиумски пласман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Зад него беше неговиот тимски колега Шарл Леклер со кого водеше жестока битка поголемиот дел од трката.

Новата ера на Формула 1 ни донесе возбудлива трка, но и јасно покажа дека Мерцедес моментално нема конкуренција, па Антонели стана првиот Италијанец по Ѓанкарло Фисикела што победил на трка во Формула 1.

Втор најмлад победник на трка во Формула 1 е токму Кими Антонели, па оваа трка во Кина поради тоа стана историска, а беше хаотична по многу аспекти.

Е, сега, да кажеме нешто за целиот хаос во Шангај бидејќи видовме дури седум откажувања!

Пред да започне трката се повлекоа Алекс Албон од Вилијамс и Габриел Бортолето од Ауди и тоа само една недела по што донесе на тимот први бодови во историјата на тимот.

Актуелниот шампион, тимот на Мекларен, поради проблеми со електрониката ги повлече двата болида!

Во текот на трката видовме и откажувања на два болида на Астон Мартин, додека и Макс Верстапен се повлече 10 круга пред крајот поради проблеми со електрониката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Откажани две трки на Формула 1 на Блискиот Исток поради конфликтот

Трките на Формула 1 во Бахреин и Саудиска Арабија, кои беа планирани за одржување во април…