Дома Фудбал Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека португалската легенда му служи постојано како идол, ментор и инспирација.

“Кристијано Роналдо секогаш беше мојот идол, пример за мене,” изјави Мбапе без задршки, покажувајќи колку му значи односот што го има изградено со еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Францускиот напаѓач, кој минатото лето конечно го оствари трансферот во Реал Мадрид, повеќепати јавно зборуваше за неговото восхитување кон Роналдо. Но, ова интервју е прв пат кога тој отворено признава колку блиски се со него надвор од теренот.

“Имам среќа што можам да разговарам со него, што ми дава совети, што ми помага… тој е број еден,” додаде Мбапе.

Мбапе не крие дека токму кариерата на Роналдо му беше мотивација еден ден да го облече белиот дрес на Реал Мадрид. “Тој е референца на Реал Мадрид. Луѓето сѐ уште сонуваат за него и зборуваат за него,” изјави 26-годишниот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти и Бразил мислат за продолжување на договорот

Италијанскиот селектор на Бразил Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов договор со петк…