
Дванаесетгодишната Ема Модриќ, ќерка на славниот Лука Модриќ, го забележа својот прв успех како фудбалерка на Милан. Во финалето на Купот Гаринио, турнир за девојчиња до 13 години, Ема и нејзиниот тим триумфираа со 2:0 против Интер, освојувајќи го шампионскиот пехар. Таа постигна и гол во победата со Сасуоло во четвртфиналето, додека во полуфиналето нејзиниот тим го совлада Јувентус.
Според пишувањата на Gazzetta dello Sport, Лука Модриќ ја следеше натпреварувачката сесија каде му играше ќерката преку социјалните мрежи, бидејќи имаше обврски. Неговиот клуб, Милан, играше важен натпревар во Неапол, кој заврши со пораз од 1:0. Ема ја следеа и нејзините браќа и сестра – Ивано и Софија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Новинарот на Gazzetta dello Sport, Лука Бијанкини, објави фотографија на Ема, додавајќи дека има слична насмека како ѝ нејзиниот татко.
Ема Модриќ, ќерка на Лука родена во 2013 година, го освои женскиот Куп Гаринио со Милан: го победиле Интер и Јуве во полуфиналето и финалето. Татко Луак следел дел од финалето од Неапол преку FaceTime.
— Лука Бианчин (@lucabianchin7) 6 април 2026
И насмевот со трофејот е ист како на татко… pic.twitter.com/kAZ8boMgep