
Фудбалската јавност беше изненадена кога пред неколку дена се појави информација дека Хари Кејн побарал да замине од Баерн, а тогаш беше откриено и каде наводно сака да ја продолжи својата кариера.
Сепак, пред неколку дена се појави информација дека Хари Кејн сака да замине од Баерн и тоа го соопштил на раководството на Баерн.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Наводно, тој има понуда да се врати во Премиерлигата, но она што го сонува Англичанецот е преселување во Барселона следното лето.
Така би направил слично како и Роберт Левандовски, кој од Баерн премина во Барселона.
Во Барселона сметаат дека Кејн е идеална замена за Левандовски, и сакаат следното лето да го завршат овој трансфер. Договорот на Кејн го врзува за Баерн до 2027 година, па минхенскиот клуб има можност да не го продаде следното лето ако тоа не го сака.
Наводно, одговорот од Баерн упатен до Кејн е јасен, а тоа е дека немаат намера да го продадат и дека ќе остане до крајот на договорот во клубот.
Манчестер Јунајтед “мерка” за Кејн, како и Тотенхем, кој сака да го врати, а единственото што би го привлекло во Англија е да го собори рекордот на најдобар стрелец во историјата.
Фотографија: Принтскрин