Дома Фудбал Кејн: Ова е една од најдобрите англиски селекции во историјата

Кејн: Ова е една од најдобрите англиски селекции во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е најдобриот досега, и дека на Светското првенство следната година ќе бидат едни од фаворитите.

„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот селектор (Томас Тухел), а сега со нестрпливост ја очекуваме големата 2026 година. Мислам дека ова е најдобрата екипа која сме ја имале досега. Кога ќе ја погледнете стартната постава и клупата, мислам дека на Светското првенство ќе бидеме едни од фаворитите. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири, и тоа е составен дел од играта”, рече Кејн по завршетокот на натпреварот со Албанија за британскиот Ај-Ти-Ви (ITV).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Англија ја победија во Тирана селекцијата на Албанија со 2:0, во натпреварот од последното, осмо коло на Групата K квалификации за Светското првенство.

Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи и со максимални 24 бода, со гол-разлика 22:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…