Дома Фудбал Германија Keјн уште не нашол куќа во Минхен – живее во хотел во кој плаќа 10.000 фунти дневно!

Keјн уште не нашол куќа во Минхен – живее во хотел во кој плаќа 10.000 фунти дневно!

Фудбалерите кои играат на највисоко ниво заработуваат огромни суми па така и прават некои работи кои не се нормални за „обичниот човек“.

Имено, англискиот голгетер во еден од најголемите трансфери изминатото лето потпиша за Баерн Минхен и овој трансфер се покажа како полн погодок. Кејн на 14 натпревари досега во сите натпревари постигна 17 гола и додаде седум асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, интересно е што Кејн се уште не нашол куќа во Минхен и живее во хотел каде што плаќа цели 10.000 фунти дневно, па со деновите поминати сумата веќе достигна милион.

Кејн престојува во Vier Jahreszeiten Kempinski кој е еден од најскапите во Минхен. Според информациите тој е во историското крило на хотелот и има посебна дневна соба. Линк од хотелот – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Француската репрезентација, предводена од Килијан Мбапе и преполна со играчи од светска кл…