
На крајот од тековната сезона, Душан Влаховиќ останува без договор со Јувентус. Сепак, можен е голем пресврт во кој српскиот фудбалер би можел да продолжи да живее и игра во Торино.
Веќе со месеци траат преговорите меѓу Влаховиќ и Јувентус околу новите услови на договорот. Сепак, двете страни не успеаја да ги усогласат барањата, бидејќи Влаховиќ побарал превисока плата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Желбата на Влаховиќ била плата од 12 милиони евра, колку што изнесуваат и неговите моментални примања, додека Јувентус нудел најмногу осум милиони евра, со бонуси за голови и освоени трофеи.
По неуспешните разговори, од јануари Влаховиќ има право да преговара со други клубови. Тој беше поврзуван со Милан и Барселона, но ситуацијата би можела драстично да се промени.
Според тврдењата од Италија, Јувентус е подготвен да ги продолжи разговорите со Влаховиќ. Самиот напаѓач покажува интерес за останување, особено по разговорите со тренерот Лучано Спалети, кој го гледа како клучен играч за освојување на Скудетото во наредната сезона.
Очигледно е дека Влаховиќ повторно ќе седне на преговарачка маса со челниците на клубот. Иако сè уште нема официјални понуди, не е исклучено да се постигне договор кој ќе ги задоволи двете страни.
Влаховиќ моментално не е во можност да настапува поради повреда. Сезоната ја започна добро, со неколку важни голови, но ќе биде надвор од терените до пролет, што значи дека нема да може да му помогне на клубот во текот на зимскиот период.