Дома Фудбал Кариерата му е во пад, а тој си ужива: Позната фудбалска ѕвезда доаѓа на тренинзи со – хеликоптер

Кариерата му е во пад, а тој си ужива: Позната фудбалска ѕвезда доаѓа на тренинзи со – хеликоптер

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (32) немаше многу успех во Саудиска Арабија, каде играше за Ал Хилал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одигра само пет натпревари пред да ги скине лигаментите. Но, тоа не влијаеше на финансискиот аспект, па си замина со 90 милиони евра.

По тешката повреда, одлучи да се врати во татковината и да игра за Сантос, клуб од кој некогаш се пресели во Барселона.

На стадионот „Вила Белмиро“ беше официјално претставен пред десеттици илјади навивачи на Сантос, кои му приредија незаборавно добредојде. Нејмар пушти и солзи поради тоа.

Бразилецот, и покрај тоа што се чинеше дека е во слободен пад кога стануваше збор за кариерата, на тренинзите пристигнува со хеликоптер. Дали тоа ќе трае до крајот на сезоната, до кога му важи договорот, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историскиот бод на Курасао е од огромно значење и за Босна и Херцеговина, a еве и зошто! (Видео)

Курасао утрово успеа да направи нешто што многумина мислеа дека е невозможно, а тоа е да г…