Дома Фудбал Капело во Рома? Се огласи легендарниот тренер!

Капело во Рома? Се огласи легендарниот тренер!

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело ги отфрли шпекулациите дека летово ќе ја преземе Рома, кажувајќи дека е престар за работа.

“Не, на моите години не можам повеќе да бидам тренер. Не сакам да кажуваат дека сум малку сенилен, дека не ме сакаат таму”, рече 78-годишниот Капело за италијанските медиуми.

Се шпекулираше дека Капело би можел да го замени Клаудио Раниери на клупата на Рома летово.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


“Се надевам дека, кого и да изберат, тоа ќе биде одлука за која внимателно се размислило. Раниери многу добро се носи со ситуацијата и верувам дека сакаат да се фокусираат на некој што знае како да ја разбере многу специфичната атмосфера во Рома”, рече Капело.

Тој се осврна и на Јувентус, за кој своевремено играше, а беше и негов тренер од 2004 до 2006 година, по повод отказот на тренерот Тијаго Мота по само осум месеци.

“За жал, кога сте тренер на Јувентус, минималната цел е пласман во Лигата на шампионите, но голема разлика прави и стилот на фудбал. Мислам дека Мота не го сфати целосно каде се наоѓа и затоа имаше големи потешкотии. Тој сакаше да направи нешто поинакво, но за толку голема промена е потребно време. Кога имате тригодишен договор, мислите дека ќе завршите барем една цела сезона”, наведе Капело.

Капело неодамна го критикуваше тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, кажувајќи дека бил арогантен и дека го уништувал фудбалот, обидувајќи се самиот да победува, наместо да се концентрира на карактеристиките на играчите.

Гвардиола гневно реагирал на тоа и кажал дека не е доволно квалитетен да го уништи италијанскиот фудбал.

“Очигледно тоа значи дека моите коментари биле на место”, одговори Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…