Дома Останати Кошарка Кандидатот за злато на колена: Турција непријатно ја изненади Србија

Кандидатот за злато на колена: Турција непријатно ја изненади Србија

Кошаркарската репрезентација на Турција приреди големо изненадување во последното коло од групната фаза, совладувајќи ја Србија со 95-90.

Натпреварот започна тензично и со малку поени. Двете селекции се мачеа во нападот, па првата четвртина заврши во корист на Турција со тесни 19-18. Во втората четвртина, Србија го пронајде ритамот и со поагресивна игра во напад стигна до предност на полувреме (49-46).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Турците, предводени од талентираната генерација, успеаја да се консолидираат во третиот период и да го вратат водството (74-73). Последната четвртина понуди вистинска драма – резултатот постојано се менуваше, а неизвесноста траеше до самиот крај. Сепак, во пресудните моменти блескаа Алперен Шенгун, Ларкин и охридскиот ас Чеди Осман, кои со клучни поени и асистенции ја потврдија големата победа на Турција со конечни 95-90.

Шенгун беше вистински херој на натпреварот, постигнувајќи 28 поени, со 13 скокови и осум асистенции – речиси трипл-дабл учинок. Ларкин дополнително придонесе со 23 поени и девет асистенции, додека Осман внесе сигурност со 16 поени, еден скок и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ не штеди, потроши 340.000 евра за соиграчите!

Лука Дончиќ уште еднаш ја презеде улогата на Дедо Мраз, покажувајќи зошто е еден од најоми…