Дома Фудбал Камвинга сега е свесен што направил, се извини јавно

Камвинга сега е свесен што направил, се извини јавно

Фудбалерот на Реал, Едуардо Камавинга, се огласи на социјалните мрежи по црвениот картон што му го покажа босанскиот судија Ирфан Пељто на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал.

Ѕвездата на Реал беше исклучена во судиското надополнување од страна на Ирфан Пељто, кој одлично ја заврши својата задача синоќа на “Емиратис”, каде што Топџиите победија со 3:0.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Лукас Васкез направи прекршок на средината од теренот врз Леандро Тросар, а откако Пељто досуди прекршок, Камавинга ја шутна топката надвор од теренот.

Пељто му покажа жолт картон поради тоа, и имајќи предвид дека Камавинга веќе имаше еден жолт картон од 69. минута, мораше да ја напушти играта.

“До сите Мадридисти, на крајот на натпреварот преовлада мојата фрустрација и затоа се извинувам. Мораме да продолжиме да веруваме и ќе ни требате во реваншот. Сите заедно! До крајот! Хала Мадрид!”, напиша францускиот играч од средниот ред.

Реваншот се игра во Мадрид на 16 април во 21 часот, и ќе видиме дали Реал ќе успее да ја надополни оваа голема негатива.

Фото: Real Madrid C.F
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…