Дома Фудбал Камавинга на срамен начин ја прекина акцијата на Сосиедад (Видео)

Камавинга на срамен начин ја прекина акцијата на Сосиедад (Видео)

Страстите не стивнуваат по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а гостите пронајдоа уште една спорна ситуација од овој меч каде што Едуардо Камавинга е во центарот на вниманието поради неговиот срамен потег.

На стадионот Сантијаго Бернабеу гледавме спектакуларна пресметка во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот, а на крајот, Реал Мадрид мина во финалето со вкупна победа од 5:4.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Камавинга остана да лежи на теренот откако скокна и ја промаши топката, земајќи се за главата за да изрежира дека добил удар иако беше јасно дека контакт не постоеше.

Французинот падна како покосен и се фати за главата бидејќи знаеше дека судијата веднаш ќе ја прекине играта. Правилата се дека судијата го прави тоа кога се сомнева дека некој од играчите добил удар во главата за да му се укаже итна помош, а тоа беше потегот на Камавинга.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Робињо додека е во затвор си најде партнер и сега ќе започне бизнис!

Познатиот бразилски фудбалер Робињо веќе повеќе од една година се наоѓа во затворот во Тре…