Дома Фудбал Каков пресврт за кариерата на Душан Влаховиќ – Се подготвува потпис кој никој не го очекуваше!

Каков пресврт за кариерата на Душан Влаховиќ – Се подготвува потпис кој никој не го очекуваше!

Месециве наназад Душан Влаховиќ и Јувентус преговараа за нов договор. Меѓутоа, двете страни не можеа да најдат заеднички јазик бидејќи Србинов бараше премногу пари.

Влаховиќ беше заинтересиран само за износ од 12 милиони евра, што е сумата што моментално ја заработува, а челниците на Јувентус нудеа максимум осум со одредени бонуси за голови и трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На крајот, сите разговори пропаднаа, па од овој јануари српскиот напаѓач може да преговара со други клубови. Беше поврзуван со многу клубови, најмногу со Милан и Барселона, но може да дојде до голем пресврт.

Италијаните тврдат дека Јуве е подготвен повторно да седне на маса со Влаховиќ. Исто така, и напаѓачот покажува желба да остане во клубот по разговорите со тренерот Лусијано Спалети, кој во него гледа клучна фигура во нападот на Скудетото наредната сезона.

Душан очигледно повторно ќе седне на преговарачката маса со газдите на Старата дама. Уште не е ништо официјално понудено, но нема да биде изненадување ако конечно ‘се најдат’ на истата бранова должина.

26-годишниот српски напаѓач постигна шест гола оваа сезона во 17 настапи. На тоа додаде и две асистенции.

Дали и наредната сезона ќе ги тресе мрежите во дресот на Бијанконерите или сепак ќе заврши некаде на друго место, ќе знаеме многу брзо. Јуве е подготвен да се посвети на преговорите и сите карти се отворени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…