Дома Фудбал Каков човек: Модриќ сруши рекорд и во квалификациите за Светското првенство!

Каков човек: Модриќ сруши рекорд и во квалификациите за Светското првенство!

Хрватската репрезентација го започна настапот во квалификациите за Светско првенство со максимални победи. Лука Модриќ успеа да постигне гол и да го сруши рекордот на Един Џеко како највозрастен стрелец во историјата на овие натпревари.

Во саботата, Џеко го постигна победничкиот гол за БиХ против Сан Марино со што стана највозрастен стрелец со неговите 39 години, 2 месеци и 12 дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, Модриќ му требаа само два дена за да го надмине рекордот на босанскиот напаѓач.

Хрватскиот ас постигна гол од пенал за 2:1 против Чешка и се искачи на врвот на уште една историска листа. Беше тоа неговиот прв гол по напуштање на Реал Мадрид, на возраст од 39 години и 9 месеци.

Фото: HNS/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судија во Бундеслигата си го запроси партнерот пред 50.000 гледачи (Видео)

На последниот натпревар на Келн во рамки на Бундеслигата, навивачите беа сведоци на невооб…