Дома Фудбал Останато Како загина Феликс Баумгартнер?

Како загина Феликс Баумгартнер?

ФЕЛИКС БАУМГАРТНЕР (56), австриски екстремен спортист познат ширум светот по своите истакнати падобрански скокови и рекорди кои ги поместуваа границите на човечките можности, загина по несреќен случај во Италија. Баумгартнер го загуби животот во Порто Сант’Елпидио, додека летал со параглајдер.

Како што пренесуваат повеќе странски медиуми, му се слошило додека бил во воздух и поради тоа ја изгубил контролата над леталото, па паднал во базен во близина на крајбрежниот ресорт, при што била повредена и една млада жена. Наводно, Австријанецот починал веднаш на местото, а споменатата жена не претрпела сериозни повреди. Спасувачите се обиделе да го пренесат Баумгартнер до болницата во Анкона, но било предоцна. Неговото срце запрело, според италијанските медиуми.

Најпознат по скокот од стратосферата

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во текот на кариерата, поставил 14 светски рекорди, бил првиот човек што го прелета Ла Манш со падобрански крила и добитник на многу престижни награди, вклучувајќи ја наградата Laureus за спортска акција на годината. На раката имал истетовирано “Роден за лет”, што беше мотото кое го следеше секојдневно.

Познат е по највисокиот падобрански скок во историјата. Скопил од стратосферата. Сoработката со Red Bull беше клучна за продукцијата на неговите најризични и најгледани проекти, но и за развојот на нови безбедносни и технички можности во спортот.

Освен скокањето, Баумгартнер беше и лиценциран хеликоптерски пилот, акробатски авијатичар и телевизиска личност. Беше познат и по својата филозофија на живот без компромиси, како и учеството во хуманитарни проекти, особено во рамките на фондацијата Wings for Life која промовира истражувања на ‘рбетниот мозок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешкиот олимпиец Аудун Гронволд загина од удар на гром

Поранешниот норвешки олимписки скијач Одун Гронволд почина во 49. година од животот откако…