
Изданието на капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски против Португалија во второто коло на Европското првенство 2026 уште долго ќе биде тема на разговор меѓу љубителите на ракометот.
Во вистински „фитиљ“ стил, како што му прилега на прекарот, Кузмановски одигра меч за паметење. Со 15 постигнати голови, тој реализираше повеќе од половина од вкупниот учинок на Македонија и притоа испиша историја, израмнувајќи еден долгогодишен рекорд на актуелниот селектор Кирил Лазаров од времето кога беше лидер на теренот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Рекордот датира од 2009 година, кога Лазаров на Светското првенство во Хрватска, во дуелот против Јужна Кореја за 11. место, постигна исто така 15 погодоци од вкупно 32 гола на Македонија, при што шутираше 24 пати. Кузмановски, пак, против Португалија беше уште поефикасен – со само три промашувања и сосема заслужено го понесе признанието за најдобар играч на натпреварот.
Во продолжение погледнете ги сите 15 голови на капитенот: