Дома Фудбал Кансело лут на Инзаги, сѐ е подготвено за зимски трансфер?

Кансело лут на Инзаги, сѐ е подготвено за зимски трансфер?

Жоаао Каансело не е задоволен во Ал Хилал од доаѓањето на Симоне Инзаги и сака да ја напушти Саудиска Арабија веќе на зима.

Според информации од медиумите во Саудиска Арабија, Каансело побарал од неговиот агент Жорже Мѐндеш да му најде нов европски клуб и тоа веќе во јануари.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Незадоволството на Кансело е исклучиво поврзано со Симоне Инзаги и фактот што не бил на списокот на редовно регистрирани странци, па така неговата минутажа значително е намалена оваа есен.

Ка̀нсело одигра само првите две натпревари во првенството, по што беше тргнат од листата на регистрирани странци и повторно би можел да биде регистриран дури од 1 јануари.

Но, дотогаш можеби ќе биде доцна, бидејќи Кансело сака да си замине.

Тој јавно изјави дека му е сон да се врати во Европа, а идеално би било за него тоа да се случи во јануари за да пронајде вистинска форма до Мундијал 2026.

Кансело е стандарден кај Роберто Мартинез, но неговиот статус би можел да биде загрозен доколку не игра кај Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови детали: Таткото на Џака откри за што неговиот син разговарал со водачот на навивачите (Видео)

Капитенот на репрезентацијата на Швајцарија, Гранит Џака, беше дочекан со „на нож“ во Приш…