
Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во клубот како слободен агент по завршувањето на сезоната, известуваат во Италија.
Договорот на шпанецот со неговиот сегашен клуб ќе истече летово, по што тој ќе потпише договор за четири години со торинскиот гигант. Сепак, оттаму се надеваат дека ќе успеат да го привлечат уште овој месец, за што се подготвени да понудат 3-4 милиони евра за него.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од Селта, сепак, не сакаат да се разделат со 26-годишниот играч овој месец, бидејќи така или инаку ќе треба да дадат половина од парите на неговиот матичен клуб Барселона. Мингеса се приклучи на галичани токму како слободен агент летото 2022 година, откако не успеа да се наметне како стартер кај каталонците. Од тогаш досега има одиграно 122 натпревари со 7 голови и 12 асистенции за „небесно сините“.
Меѓувремено, Јувентус продолжува да преговара со друг играч со истекувачки договор – централниот дефанзивец на Борнмут, Маркос Сенеси, но со намера за негов трансфер дури летово, пишува новинарот Ромео Агрести.