
Јувентус и Болоња официјално ја потврдија размената на десните бекови меѓу нив. Така “Старата дама” се засили со Емил Холм, а во спротивната насока замина Жоао Марио.
Двајцата ќе бидат на позајмица до летото, при што само “бјанконерите” ќе имаат опција да го откупат шведскиот репрезентативец, додека “рособлу” ќе го вратат Португалецот летото назад.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За да го задржи Емил Холм трајно, кој ќе игра со број 2, Јувентус ќе треба да плати 15+3 милиони евра по завршувањето на сезоната. Ова е четвртиот италијански тим во неговата кариера по Специја, Аталанта (на позајмица) и Болоња. Тој му се приклучи на тимот на Винченцо Италијано во летото 2024 година, кога беа платени 8 милиони евра на тимот на Петко Христов. Оттогаш има одиграно 48 натпревари со 2 гола и 6 асистенции. 25-годишниот краен дефанзивец исто така има 16 настапи со 2 голови и 2 асистенции за Шведска.