Дома Фудбал Јувентус ја одби „понудата на векот“

Јувентус ја одби „понудата на векот“

Криптовалутната компанија Tether вчера соопшти дека доставила обврзувачка понуда во готовина за купување на мнозинскиот пакет акции на фудбалскиот клуб Јувентус, кој е во сопственост на холдингот Ексор, контролиран од страна на семејството Ањели.

Според италијанските медиуми, Tether понуди цена од 2,66 евра по акција, што изнесува вкупно околу 1.100.000.000 евра за 65,4 отсто од акциите на Јувентус кои во моментов ги држи Ексор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во февруари 2025 година, Tether купи малцински удел во Јувентус, а во април го зголеми својот пакет на 10,12 отсто акции, со 6,18 отсто гласачки права.

Сега сакаше целосна сопственост, ја достави „понудата на векот“, но беше одбиена.

Претседателот на Јувентус, Џон Елкан, објави дека клубот не е за продажба.

Наследникот на семејството Ањели ги информираше навивачите за одлуката на клубот преку видео порака.

„Јувентус, нашата историја, нашите вредности, не се за продажба“, изјави Елкан кој во обраќањето кон фановите на клубот носеше стара дуксерка на Јувентус, а зборуваше пред култната слика каде се гледа местото и времето на основање на клубот.

„Јуве е дел од моето семејство веќе 102 години. Тоа е дел во вистинска смисла на зборот, бидејќи преку еден век четири генерации го проширија, го направија силен, се грижеа за него во тешки времиња, го славеа во среќни времиња. Но не само тоа: Јуве е дел од многу поголемо семејство, семејството „бјанконери“, кое го сочинуваат милиони навивачи кои го сакаат Јуве како што ги сакаат своите најблиски. Поради оваа страст, оваа љубовна приказна која не обединува повеќе од еден век, како семејство продолжуваме да го поддржуваме тимот и да гледаме кон иднината, за да изградиме победнички Јуве. Јувентус, нашата историја, нашите вредности не се за продажба“.

Елкановата видео порака следеше по објавата на компанијата „Ексор“, која управува со клубот, каде беа негирани било какви преговори за продажба на акциите на Јувентус.

Во соопштението на семејната холдинг компанија се објави дека управниот одбор „едногласно го одби предлогот што го претстави Tether Investments“, повторувајќи ги „своите претходни и доследни изјави дека нема намера да продава ниту една од своите акции на Јувентус на трети лица, вклучувајќи ја и Tether, компанија која се занимава со криптовалути со седиште во Ел Салвадор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС: Саудијците ќе ја купат Барселона за огромна сума?!

Барселона во наредниот период би можела да го промени сопственикот и како последица да дој…