
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ, би можел веќе наредното лето да направи голем трансфер. Интер е сериозно заинтересиран за неговата аквизиција и наскоро ќе реши дали ќе тргне по него или по неговиот соиграч од Сасуоло, Џеј Идзез. Трансферот од Јувентус во Сасуоло се покажа како одлична одлука за Мухаремовиќ. 22-годишниот дефанзивец е стабилен во своите настапи во Серие А и најчесто се наоѓа во стартниот состав.
Ваквите изведби го привлекоа вниманието на водечките клубови. Интер планира да вложи во талантливиот стопер наредното лето, а на листата интереси е и играчот на БиХ. Мухаремовиќ е во потесен избор за доаѓање на Џузепе Меаца. Екипата од Милано се одлучува помеѓу него и неговиот соиграч Џеј Идзез, потврдуваат и извештаите од Италија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Интер внимава на дефанзивцитe на Сасуоло, Џеј Идзез и Тарик Мухаремовиќ. Извесно е дека клубот ќе ги напуштат Стефан де Врај и Франческо Ачерби, па така клубот ќе инвестира во еден млад стопер и еден кој веќе е етаблиран во светот на фудбалот”, истакна новинарот Паскуале Гуара.
Се очекува дека Мануел Аканџи, кој е на позајмица од Сити, би можел трајно да се пресели во миланскиот тим, а покрај него, одбраната следната сезона би требало да ја држи или Мухаремовиќ или Идзез. Џеј Идзез е три години постар од играчот на БиХ. Во Сасуоло пристигна од Венеција за осум милиони евра, стандарден е член на репрезентацијата на Индонезија, на која е и капитен, и има восум настапи.
И двајцата оваа сезона имаат значајна улога во Сасуоло и привлекоа големо внимание. Останува да се види за кого Интер ќе се одлучи. Мухаремовиќ и натаму е поврзан со Јувентус, иако неговиот договор е со Сасуоло. Клубот од Торино го продаде Мухаремовиќ во текот на летото за пет милиони евра, со право на 50 проценти од следната продажба.