Дома Фудбал Јувентус ги чека 32 милиони евра, еве што уште треба да исполни Нико Гонзалес во Атлетико!

Јувентус ги чека 32 милиони евра, еве што уште треба да исполни Нико Гонзалес во Атлетико!

Нико Гонзалес во септември од Јувентус премина на позајмица во мадридскиот Атлетико, при што тимот од Торино инкасираше милион евра, со договарани бонуси од уште милион евра, во зависност од неговите настапи на теренот.

Исто така, Атлетико има и опција за купување на неговиот договор во износ од 32.000.000 евра на крајот од сезоната, под одредени услови кои стануваат сѐ поверојатни, особено по одличниот настап на Нико Гонзалес во саботата против Сосиедад.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Атлетико ќе го купи неговиот договор ако Гонзалес достигне 60% одиграни натпревари во Ла Лига, играјќи најмалку 45 минути по натпревар, што е еквивалентно на 21 квалификациски настап во текот на сезоната.

До сега има вкупно 18 настапи во Ла Лига оваа сезона и 26 во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ потпиша богат договор со англиски гигант

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ потпиша договор во време на гласини и приказни за …