Дома Останати Тенис Ју-Ес опен нема да штеди и ќе подели рекордни пет милиони долари за најдобрите

Ју-Ес опен нема да штеди и ќе подели рекордни пет милиони долари за најдобрите

Рекордни пет милиони долари за најдобрите – толку голема ќе биде првата награда на претстојниот Ју-Ес опен. Како и секоја година, последниот грен слем во сезоната пријатно ги изненадува своите учесници. Секако, оваа премија се однесува на шампионите во сингл во обете конкуренции.

И дека зголемувањето воопшто не е симболично, се гледа од споредбата со минатата година. Арина Сабаленка и Јаник Синер добија по 3,6 милиони долари, значи зголемувањето изнесува дури 39 проценти. Дали поради инфлацијата, дали поради постојаните критики дека тенисерите добиваат многу помал дел од колачот од оној кој го заслужуваат, во Њујорк решија на резови.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Зошто не треба да се заборави дека профитот од вакви турнири се проценува на дури околу половина милијарда долари. Тука е делот што директно носи профит – од билети, потрошувачка на стадионот до ТВ права, но и оној индиректниот. Колку гледачите оставаат на градот во кој се одржува турнирот – на име хотелски трошоци, туристички, разни форми на потрошувачка надвор од стадионот. Не треба да се заборави дека грен слемот трае две недели и дека многу луѓе остануваат токму толку.

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 90 милиони долари, секако учесниците ќе платат на име на данок околу една третина. Финалистите во сингл ги очекуваат по 2,5 милиони, победниците во двојки и микс по еден милион долари.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Паганети за четвртфинале во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи на меѓунар…