Денвер го врати водството во финалната серија од НБА лигата и поведе против Мајами со 2:1, изминатата вечер тимот на Јокиќ славеше со 94:109.
Фантастичен настап имаше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции и така стана првиот кошаркар кој во една финална серија успеал да има повеќе од 20 поени, 20 скока и 10 асистенции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот историски настап е една од главните теми во спортските медиуми во САД, но Јокиќ не се оптеретува премногу со статистиката.
„Статистиката не ми е многу важна. Мило ми е што победивме, тоа беше многу важен натпревар, ќе беше лошо ако загубевме два меча во серија. Сега треба да победиме и на следниот натпревар, тоа е единствениот начин на кој размислуваме за да дојдеме до целта“, изјави Јокиќ.