
Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Портланд на домашен терен со резултат 128:112 во неделниот термин во НБА лигата.
Никола Јокиќ имаше својот ден, а кога е така, тимови како Блејзерс немаат што да бараат против Денвер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Србинот забележа нов трипл-дабл со 22 поени, 14 скокови и исто толку асистенции и го предводеше Нагетс до скор 44-28, со што останаа во трката за предност на домашен терен во првата рунда од плејофот на Западната конференција.
Ова беше 192. трипл-дабл во кариерата на Јокиќ!
Портланд сигурно ќе игра во плеј-ин на Западот, се бори за што подобра позиција, а моментално е деветти со ефективност 35-37.
Гостите вечерва се држеа во текот на првото полувреме, а Нагетс во третата четвртина се одвоија на двоцифрена разлика и тоа беше крај на сите надежи на Портланд, кој немаше сила ни да се закани.
.