Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ со уште еден блескав настап го одведе Денвер во конференциско финале! 🎥

Joкиќ со уште еден блескав настап го одведе Денвер во конференциско финале! 🎥

Денвер нагетс е првиот тим кој обезбеди пласман во конференциското финале во НБА откако го победи Феникс изминатата вечер со 125:100 и така ја затвори серијата со 4:2.

Кошаркарите на Денвер одиграа фантастично прво полувреме во кое постигнаа дури 81 поен, а примија 51, па тука веќе беше најавено кој ќе слави.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Никола Јокиќ одигра уште еден одличен настап во кој постигна 32 поени, 10 скока и 12 асистенции. За српскиот кошаркар ова беше 11-ти трипл-дабл во плеј-оф натпреварите со што се изедначи со Џејсон Кид на вечната листа. Лидер во оваа категорија е Меџик Џонсон со 30.

Противник на Денвер ќе биде подобриот од серијата помеѓу Лејкерс и Голден Стејт каде што во овој момент Леброн и друштвото имаат предност од 3:2.

Можност за конференциско финале имаше и Филаделфија, но тие не ја искористија „меч топката“ и Бостон со победа од 86:95 изедначи на 3:3. Жоел Ембид запиша дабл-дабл од 26 поени и 10 скока, Маркус Смарт кај Бостон постигна 22 поени и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…