Дома Фудбал Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период што го имаше на Енфилд со овој тим.

Во периодот додека беше во клубот, Клоп со Ливерпул успеа да го освои и Премиерлигата и Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако го напушти Ливерпул, Клоп зборуваше за недостаток на желба да се врати во тренерската работа.

Бившиот тренер на тимот од Енфилд беше поврзуван со неколку клубови, а еден од нив беше и Барселона.

На крајот се врати во фудбалот, но не на теренот, туку надвор од него бидејќи беше именуван за глобален шеф на фудбалот во групацијата Ред Бул.

Сега Германецот доби нова понуда за работа и одлучи да ја прифати и повторно ќе биде покрај страничната линија, но не како тренер.

Тој ја прифати понудата што ја доби и ќе биде стручен коментатор во емисија за Светското првенство 2026 година.

Клоп на следното Светско првенство во Америка, Канада и Мексико ќе работи за германската станица Магента ТВ.

“Тревата под нозете, стадионското чувство, многу блиску. Назад на клупата, се радувам на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…