Дома Фудбал Јирген Клоп има нова работа: Ќе има петнеделен ангажман

Јирген Клоп има нова работа: Ќе има петнеделен ангажман

ПО успешната тренерска кариера, која ја замени со улогата на шеф на фудбалските операции во Ред Бул, Јирген Клоп (58) се враќа во светот на фудбалските натпревари. Харизматичниот Германец нема повторно да биде покрај аут-линијата, туку ќе работи како стручен аналитичар за платформата MagentaTV за Светското првенство 2026. Слична улога имаше и на ЗДФ за Светското првенство 2006 и Европското првенство 2008. Во 2010, беше експерт на РТЛ.

По овие ангажмани, иако веќе беше тренерски активен во Мајнц и Дортмунд, целосно се посвети на тренерската работа, водеше тимови покрај аут-линијата години наназад. Сега повторно се појавува како експертски аналитичар за фудбалското случување што ќе се оддржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како тренер, Клоп го издигна Мајнц од Втората лига во Бундеслигата, а со Дортмунд двапати стана шампион на Германија и го водеше до финалето на Лигата на шампионите. Од 2015 до крајот на сезоната 2023/24, ја водеше екипата на Ливерпул. За време на мандатот, на клубот му донесе осум трофеи, вклучувајќи го и првиот наслов во Премиер лигата во 2020, кој е прв за Ливерпул во англиското првенство од 1990 година, како и трофејот во Лигата на шампионите во 2019.

Со Ливерпул, германскиот стручњак освои сè што беше на располагање, освен Лига Европа, каде што изгуби во финалето против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што се случува со Португалците? По Роналдо, уште две ѕвезди направија нешто непростливо (Видео)

Синоќа Ирска ја изненади Португалија и победи со резултат 2:0, а две ѕвезди од португалска…