Дома Фудбал Јасно е колку ќе добие Ливерпул за Дарвин Нуњез.

Јасно е колку ќе добие Ливерпул за Дарвин Нуњез.

Договорот меѓу Ливерпул и Ал-Хилал за Дарвин Нуњез, за кој стана познато порано денес, е во вредност од 65 милиони евра со вклучени бонуси.

Ова го открива новинарот Џанлука Ди Марцио, кој додава дека клубовите се договориле оваа ноќ. Саудитите ги задоволиле финансиските услови на Уругваецот. Останува само некои детали од договорот да бидат утврдени, по што Нуњез ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо известува за почетна сума од 53 милиони евра плус значајни бонуси кои се лесно остварливи.

Ди Марцио објаснува дека споменатите цифри се невозможни за италијанските клубови, кои покажаа интерес за Нуњез. Во последните денови најсилен интерес покажа Милан, а пред тоа Наполи и Јувентус беа поврзувани со Уругваецот.

Нуњез покажа мошне добра форма за време на предсезонските подготовки, постигнувајќи пет голови. По натпреварот со Атлетик Билбао во понеделникот, тој се збогува со навивачите на Ливерпул, кои беа присутни на “Енфилд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус не може гол да даде, Тудор го прашаа за откааз – еве што одговори!

Јувентус загуби од Лацио и продолжи низата натпревари без победа, како и без постигнат гол…