
Со настапот на Јана Атанасовска спуштена е завесата на македонскиот настап на Зимски олимписки игри 2026, кои се одржуваат во Милано и Кортина д’Ампецо. За жал, крајот не беше посакуван.
Македонската алпска скијачка не успеа да ја комплетира слаломската трка, откако направи грешка уште во почетниот дел од првото возење и излета од патеката. Со тоа автоматски остана без можност да се бори за место во второто возење и подобар пласман.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Непријатното сценарио се повтори, бидејќи и на велеслаломот неколку дена претходно Атанасовска не ја заврши првата трка. Така, македонскиот тим остана без резултат што би донел позначаен исчекор на најголемата зимска спортска сцена.
По првата рунда во слаломот, водството го презеде големата фаворитка Микаела Шифрин од САД, која важи за најсериозна кандидатка за златниот медал.
Со настапот на Атанасовска официјално заврши учеството на Македонија на Игрите. Претходно на патеките и во нордиските дисциплини настапија и Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков, кои ги бранеа националните бои во своите дисциплини.