Дома Фудбал Италија Jувентус потврди колку ќе паузира Мекени

Jувентус потврди колку ќе паузира Мекени

Јувентус се соочува со повреди пред важен дел од сезоната.

Американецот Вестон Мекени се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал, а денес е потврдено колку ќе паузира. Мекени се здоби со повреда на стапалото, па надвор од терените ќе биде околу осум недели.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова значи дека Мекени нема да може да помогне и на својата репрезентација во квалификациите за Мундијалот, квалификациските натпревари се играат во март. Покрај тоа нема да биде на располагање на Алегри за реваншот против Виљареал, но претстојните натпревари во Серија А.

До крајот на сезоната Јувентус го очекува борба за место во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме денес од Торино потврдија дека повреда заработил и младиот напаѓач Кајо Жорге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јашари: Отсекогаш сум сакал да преминам само во Милан

Новото засилување на Милан Ардон Јашари денес беше претставен пред италијанските медиуми к…