Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас би можел да го напушти Лајпциг, но да остане во Германија пренесува денеска „Билд“.
Имено, според информациите на реномираниот германски медиум,
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Лајпциг бил контактиран од неколку клуба кои сакале да го доведат. Наводно, станувало збор за клубови кои се помеѓу првите шест на табелата.
На тие позиции во овој момент покрај Лајпциг се: Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Мајнц, Борусија Дортмунд.
Во Лајпциг немаат ништо против заминувањето на Македонецот бидејќи тој речиси и да не игра под водство на Марко Розе. Македонецот има 22 настапи, но најголем дел од нив се само по неколку минути, помеѓу стартерите беше само двапати.