
Европскиот шампион со Италија од 2021 година Лоренцо Инсиње е на пат да се врати во второлигашот Пескара, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Одлуката на искусното крило беше донесена вчера и е изненадување во светлината на интензивните гласини од летото наваму за негов трансфер во Лацио и неодамнешните тврдења дека бил подготвен да се врати во Наполи, каде одигра над 400 натпревари и долго време беше капитен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По едномесечни преговори, на крајот 34-годишниот играч се согласи, откако не доби понуда од Серија “А”. Така уште утре тој ќе пристигне во Пескара, за да го заврши трансферот како слободен агент.