Дома Фудбал Изгледаше дека никој нема да може да го сруши рекордот на Роналдо, но сега се појави – Мбапе!

Изгледаше дека никој нема да може да го сруши рекордот на Роналдо, но сега се појави – Мбапе!

Во 2013 година Кристијано Роналдо постигна неверојатни 59 гола за Реал Мадрид. Ова е рекордна бројка на постигнати голови за еден играч на клубот во рамките на една календарска година за Реал Мадрид.. Роналдо долго време се натпреваруваше само со своите достигнувања, држејќи ги и местата од второ до десетто на листата на најдобри стрелци од Реал во една година.

Се чинеше дека овој рекорд на Роналдо ќе остане недостижен, но тогаш се појави Килијан Мбапе. Со два гола против Атлетик Билбао, Мбапе дојде до четвтото место со 55 голови постигнати во оваа година за Реал. Местата од прво, второ, трето, петто па до десетто повторно му припаѓаат на Кристијано Роналдо.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Французинот има шанса да го симне Португалецот и да стане најдобар стрелец во историјата на Реал за една календарска година. Со оглед на неговиот просек, многу е можно Мбапе до крајот на 2025 година да го достигне највисокиот рекорд на клубот. До крајот на годината пред Мбапе се уштее пет натпревари во кои му се потребни пет погодоци да го надмина португалскиот ас.

1. Кристијано Роналдо 2013 година, 59 гола

2. Кристијано Роналдо 2012 година, 58 гола

3. Кристијано Роналдо 2014 година, 56 гола

4. Килијан Мбапе, 2025 година, 55 гола

5. Кристијано Роналдо, 2015 година, 54 гола

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред Осимен сега е само Роналдо!

Виктор Осимен ги изненади сите со својот скок против Фенербахче. Никој претходно во турска…