Дома Фудбал Изгледа страшно и моќно: Халанд на тренингот на Манчестер сити се појави со „ѕвер“ вреден 250.000 евраа

Изгледа страшно и моќно: Халанд на тренингот на Манчестер сити се појави со „ѕвер“ вреден 250.000 евраа

Норвешкиот напаѓач и голема ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пристигна на еден од последните тренинзи на неговиот тим со нов монструозен пикап, кој привлече големо внимание.

Како и многу негови колеги од фудбалскиот свет, Халанд отсекогаш сакал да го привлекува вниманието со моќни автомобили, па сега се почести со скап пикап Shelgy Super Snake F-150.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за огромно возило од производството на Ford, коешто главно го гледаме на американските патишта, и чија вредност надминува 250.000 евра.

Импресивниот модел 4х4 може да се пофали со 5,0-литарски V8 мотор со компресор, што може да произведе до 785 коњски сили и да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди.

Англиските медиуми шпекулираат дека ова е роденденски подарок, односно дека Халанд се награди себеси за својот 25-ти роденден кој го прослави на 21 јули.

Во февруари, норвешкиот напаѓач потпиша нов договор со Етихад, кој му обезбедува неверојатни 600.000 евра неделно.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…