Дома Останати Тенис Иванишевиќ за соработката со Циципас: Не сум јас Хари Потер

Иванишевиќ за соработката со Циципас: Не сум јас Хари Потер

Горан Иванишевиќ, хрватскиот тренер и поранешен тенисер, започна соработка со Стефанос Циципас.

Иванишевиќ и Циципас се договорија за соработка пред неколку месеци, а неодамна почнаа да тренираат во Загреб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватскиот експерт, кој најмногу се прослави работeјќи со Новак Ѓоковиќ, истакна дека Гркот – некогаш трет, а сега 26. тенисер во светот – сè уште има голем потенцијал.

„Моментално не можам да кажам дека е во најдобрата физичка или тениска форма. Тој е играч кој има потенцијал да биде во Топ 5 во светот, но јас не сум Хари Потер за да мавтам со волшебната прачка и тоа да се случи прекуноќ”, рече Иванишевиќ за “ХРТ”.

Ова ќе биде второто ангажирање на Иванишевиќ по разделбата со Ѓоковиќ во март 2024 година, по неуспешно неколкумесечно ангажирање со Елена Рибакина.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа по два часа борба обезбеди полуфинале во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да ја пишува својата успешна приказна во Р…