
Горан Иванишевиќ неодамна беше гостин кај Славен Билиќ во емисијата „(Не)успех на шампионите“ и во неа се осврна на годините кои ги помина како тренер на Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер, за многумина најдобриот на сите времиња, го водеше од крајот на јуни 2019 до крајот на март минатата година. Во тој период Ѓоковиќ освои девет од своите 24 Гренд Слем титули.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Познатиот хрватски репрезентативец, тренер и селектор го праша што било најлесно, а што најтешко во улогата на тренер на долгогодишниот светски број 1. Иванишевиќ даде одговор на двете прашања.
„Не дека не верувам во тоа, но некои работи, не е баш сè биомеханика. Мислам, не можеш да мислиш на биомеханиката, колковите и колената кога ја фрлаш топката при сервис и сонцето те ослепува. Ништо не гледаш. Не ја гледаш топката. Една секунда не ја гледаш топката. Сервисираш напамет и не можеш тогаш да мислиш на колкот. Слеп си. Тој сака да биде перфектен тука. Тој е перфекционист. Мислам, и јас сум, но пак мораш да најдеш некаков баланс”, истакна Иванишевиќ.
„Лесно е тоа, никогаш во животот не сум видел тенисер кој може да не игра два месеци, да дојде на терен и по пет минути да игра како никогаш да не престанал. Како да тренирал по пет часа во тие два месеци“, рече тој.