Дома Останати Тенис Иванишевиќ: Секоја изјава на Ѓоковиќ е контроверзна за западниот свет

Иванишевиќ: Секоја изјава на Ѓоковиќ е контроверзна за западниот свет

Познатиот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ зборуваше за Новак Ѓоковиќ како најдобар на сите времиња и личност која „си мисли со своја глава“.

Иванишевиќ беше тренер на Новак долго време и добро го запозна како личност и како играч.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хрватот вели дека Новак е единствениот што смее да каже она за што другите само мислат и тоа е причина што често е на удар на западните медиуми.

„Тој кажува што другите мислат, а не се осмелуваат да го кажат. Беше подготвен да ризикува својата кариера поради вакцината. Не сакаше да се вакцинира и сега зборуваат како вакцината сепак е штетна. Бевме заклучени како стадо три години, ни го испранаа мозокот. Ниту еден спортист од неговиот калибар не бил толку на удар како Новак. Бев со него и знам како беше. И тоа е само затоа што си мисли со своја глава. Никогаш на никого не му кажал да не се вакцинира. Организираше турнир во Белград каде што самиот организираше вакцинација за учесниците на турнирот. Секоја негова изјава е контроверзна за западниот свет. Само затоа што ја кажал вистината, која понекогаш боли“, вели Иванишевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер денеска игра за трофејот што го нема и првото место на АТП листата на седум денa

Во финалето на АТП мастерс од серијата 1.000 денес од 15 часот играат вториот тенисер во с…