Дома Фудбал Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Фудбалскиот клуб Лил во последниве години е познат по афирмацијата на млади и талентирани фудбалери.

Во Италија веќе неколку години се Majk Maњан и Рафаел Леао, кои во Милан дојдоа од овој француски клуб, а сега еден млад фудбалер е блиску до преминување на Чизмата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Станува збор за играчот за врска Ајуб Буади, кој има 18 години и веќе е стандарден во првата постава на францускиот клуб.

Тоа не му промакна на спортскиот директор на Јувентус, Даниел Комоли, кој исто така е од Франција и сака да го заврши неговиот потпис.

Како што пишува Кориере дела Спорт, цената на Буади е околу 30 милиони евра, а во Јувентус го гледаат како тип на играч што е Адриен Рабио, некогашен играч на Јувентус, а сега фудбалер на Милан.

Буади неодамна гостуваше на стадионот Рајко Митиќ во натпревар од Лигата на Европа против Црвена звезда, и одигра сите 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефанзивец за кого Милан даде близу 40 милиони евра, ја заврши кариерата на 31 година

Одбранбениот играч Матиа Калдара, кој се искачи до италијанската репрезентација, овој вике…