Дома Фудбал Италија немаше повеќе трпение – Спалети доби отказ!

Италија немаше повеќе трпение – Спалети доби отказ!

Фудбалската репрезентација на Италија остана без селектор бидејќи попладнево стигнуваат информации од Апенините дека Лучано Спалети е разрешен од должноста.

Во пресрет на натпреварот против Молдавија, пристигнува ударната вест од Италија. Иако односот меѓу искусниот стратег и Сојузот е полн со почит, сепак квалификациите за Светско првенство не започнаа добро со поразот од Норвешка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Норвежаните победија со 3:0, ги „исчистија“ „азурите“ и значително им ја отежнаа работата во квалификациите каде што имаат за цел да се пласираат на Светското првенство следната година. Како и Србија, Италијанците штотуку го започнаа својот квалификациски циклус, додека Норвежаните веќе одиграа три натпревари и имаат максимален учинок. Израел е на второ место со шест поени.

Иако има време за поправка, Италијанците не сакаат да губат време и наскоро одлуката би требало да биде официјализирана.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…