Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Лучано Спалети изјави дека Рома треба да го задржи напаѓачот Пауло Дибала, пренесоа денес италијанските медиуми.
Рома во неделата ја совлада Парма со 5:0 во првенството, а Дибала беше двоен стрелец.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Тој летово беше на чекор од заминување од Олимпико и премин во еден од саудиските клубови, но се предомисли и остана во Италија, но се шпекулира дека би можел да ја напушти Рома.
“Дибала, како што сите знаат, е играч што може да ја направи целата екипа да игра подобро. Има техника, способност да се поврзе со тимот и квалитет секогаш кога ќе добие топка. Има самодоверба пред голот. Само му треба малку повеќе физичка сила, но е играч од прва класа”, изјави Спалети за Ла Доменика Спортива, пренесе TMW.
Некогашниот тренер на Рома оцени дека е важно да се задржи 31-годишниот Аргентинец во клубот. “Не е на мене да кажам дали Рома треба да го задржи. Знам дека Дибала е силен играч, а за екипа што сака да изгради силен менталитет, важно е да задржи играчи како него”, наведе Спалети.
Дибала оваа сезона одигра 14 натпревари во Серија А и постигна четири гола, а на два меча одигра по 90 минути, откако Клаудио Раниери ја презеде екипата.
Раниери рече дека е сигурен дека Дибала е среќен во Рома. Некои медиуми пренесоа дека Дибала е на чекор од останување, бидејќи според постоечката клаузула, неговиот договор може автоматски да биде продолжен на уште една година.