Дома Фудбал Италијаците откриваат голема криза во Јувентус: Влаховиќ незадоволен, „искри“ во соблекувалната

Италијаците откриваат голема криза во Јувентус: Влаховиќ незадоволен, „искри“ во соблекувалната

Јувентус дефинитивно не ги живее најдобрите денови, поради лошите резултати на торинскиот клуб расте незадоволството меѓу навивачите, а проблемите во тимот ескалираа по убедливиот пораз од Фиорентина во 29. коло на Серија А.

Моментално, тимот кој е на петтото место во италијанското првенство, прими дури седум голови во последните две кола, а не успеа да постигне ниту еден. Пред Фиорентина, кобна за Старата дама беше Аталанта (4:0).

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Веќе не се проблем само резултатите, туку сето тоа премина и во соблекувалната. Како што пишува Газета дело Спорт, тренерот на Јувентус – Тијаго Мота, има се помалку почит од играчите, а исто така и од навивачите. Најгласни се најстрастните приврзаници кога се работи за настапите на Душан Влаховиќ, односно зошто српскиот напаѓач не добива шанса која ја заслужува.

На последните три натпревари одигра само 23 минути. Тоа беше во натпреварите со Верона и Аталанта, додека против Фиорентина не зачекори на теренот. Неизвесна е судбината на Мота во Торино, но според сè изгледа дека во Јувентус ќе остане до крајот на на актуелната сезона.

Италијанскиот великан веќе испадна од Лигата на шампионите. Во осминафиналето беше поразен од ПСВ, додека и во Купот на Италија беа неуспешни, бидејќи Емполи беше непремостлива пречка за нив во четвртфиналето. Тамошните медиуми сè повеќе пишуваат за многу поголеми проблеми во тимот, а ќе видиме кое ќе биде решението и како тоа ќе се одрази на Душан Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес открива: Манчестер сити и ПСЖ ми нудеа многу пари!

Хамес Родригез, 33-годишниот играч на мексиканскиот Леон, кој Реал го донесе од Монако во …