Дома Фудбал Италија ослабена: Најдобриот стрелец во Серија А нема да игра против Германија

Италија ослабена: Најдобриот стрелец во Серија А нема да игра против Германија

Италија ќе биде ослабена во двомечот со Германија во четвртфиналето на Лига на нации, бидејќи се повреди најдобриот стрелец од Серија А, Матео Ретеги.

Момчето родено во Аргентина, оваа сезона игра во извонредна форма во дресот на Аталанта, меѓутоа баш кога е најпотребен на селекцијата „Азури“, нема да може да ѝ помогне.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По извршените прегледи, на 26-годишниот Ретеги му беше утврдена повреда на десниот бутен мускул. Тој се врати во клубот каде ќе изврши дополнителни прегледи.

Откако на почетокот од сезоната пристигна во Аталанта од Џенова, Ретеги на 40 натпревари постигна 25 голови.

За репрезентацијата на Италија дебитираше во 2023 година и на 18 натпревари шест пати беше стрелец. Се претпоставува дека првиот избор на Лукано Спалети во нападот ќе биде Моис Кин, кој оваа сезона блескаше во дресот на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гулер погоди од 60 метри – ова е гол кој ќе го обиколи светот (Видео)

Реал Мадрид без поголемиот дел од првиот тим го угости Елче, и сепак стигна до рутинска по…