Дома Останати Ракомет Историски успех: Алкалоид се пласира во полуфинале на Европскиот куп на ЕХФ

Историски успех: Алкалоид се пласира во полуфинале на Европскиот куп на ЕХФ

Со извонредна игра и убедлива победа од 32-25 против романската Баја Маре, ракометарите на Алкалоид испишаа историја, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Алкалоид достигна највисока предност од седум гола во првиот дел, а на полувреме замина со комотна предност од 18-12. Во второто полувреме, тимот играше уште посигурно, успешно одржувајќи ја разликата која достигна и осум гола во одредени моменти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најефикасен во македонскиот состав беше Петковски со седум погодоци, додека Стојковиќ постигна пет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…