Дома Останати Ракомет Историја за Охрид: Ќе игра европско полуфинале!

Историја за Охрид: Ќе игра европско полуфинале!

Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историски успех, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. „Гладијаторите“ пред својата публика славеа минимална победа од 25-24 против Олимпијакос, што беше доволно за место меѓу најдобрите четири, благодарение на триумфот од првиот меч во Грција.

Тимот предводен од Борис Ројевиќ одигра сигурен и контролиран натпревар, не дозволувајќи противникот да ја доведе во прашање вкупната предност. Поддршката од преполните трибини беше дополнителен мотив, а охриѓани уште од стартот го диктираа темпото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Охрид рано поведе со 6-4, потоа ја зголеми предноста на 9-7, а во еден период стигна и до плус четири (14-10). До крајот на првото полувреме, гостите намалија на 14-12, но во продолжението домашниот тим мудро ја одржуваше контролата. Иако резултатски беше неизвесно во вториот дел, вкупниот победник во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Победата беше потврдена во самиот финиш, а во полуфиналето од ЕХФ Купот, ГРК Охрид ќе се соочи со словенечкиот Целје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Спектакл во Охрид: Олимпијакос го чека пекол!

Македонскиот ракометен прволигаш Охрид е на чекор до историски успех на европска сцена. Во…