Дома Фудбал Исплива фотографијата на Мбапе од помладите години, а еден детал ги шокираше сите навивачи на Реал!

Исплива фотографијата на Мбапе од помладите години, а еден детал ги шокираше сите навивачи на Реал!

На социјалните мрежи се шири фотографија на Килијан Мбапе од неговите тинејџерски години, а она што привлекува најмногу внимание е деталот во долниот лев агол – на сликата се појавува Лука Модриќ!

Сликата го прикажува Мбапе под постерот на Реал Мадрид, клубот за кој денес игра и кој отсекогаш сакаше да го претставува. Сепак, она што ја прави фотографијата посебна е фактот дека тогаш бил само тинејџер, додека Модриќ веќе бил искусен фудбалер. Денес се соиграчи, а 39-годишниот Хрват сè уште доминира на теренот.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Оваа фотографија повторно ја нагласува неверојатната долговечност и неуништливост на капитенот на хрватската репрезентација. Модриќ дојде во Реал Мадрид уште во 2012 година, а до денес има одиграно дури 579 натпревари, постигнато 43 гола и забележано 93 асистенции. Освоил шест титули во Лигата на шампиони и дури 28 трофеи, што го прави рекордер на клубот!

Од друга страна, Мбапе минатото лето конечно го оствари својот сон и пристигна во Реал Мадрид по истекот на договорот со ПСЖ. Французинот од тогаш има одиграно 44 натпревари, постигнато 31 гол и асистирано пет пати.

Фотографијата предизвика лавина коментари. Додека некои навивачи ја опишаа сцената како “бизарна комбинација на минатото и сегашноста”, други се фасцинирани од фактот дека Модриќ и на 39 години игра на врвно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе им ги расипе сметките на клубовите од Премиер лигата.

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…