Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Германија, а по потрагата која траела од 6 декември, полицијата сега објави дека е пронајдена. Германските медиуми информираат дека 18-годишната Емилија е пронајдена во Ахренсбург, град близу Хамбург, а таа информација ја потврди и портпаролката на берлинската полиција.
Емилија живее со својата мајка во Берлин, има ментално растројство, а дедото Драгослав истакна дека целото семејство било многу загрижено по нејзиното исчезнување. Сепак на крајот е пронајдена и сè заврши добро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Драгослав Степановиќ има 76 години, а фудбалската кариера ја започнал во ОФК Белград за кој одиграл над 200 натпревари. Потоа три години играл за Црвена звезда, потоа за Ајнтрахт од Франкфурт и Манчестер Сити. Имал дури 34 настапи за селекцијата на Југославија, а уште е попознат по тренерската кариера во која водел Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Атлетик Билбао, Лајпциг, АЕК и Замалек, а последен пат работел во Раднички од Ниш во 2014 година.