Дома Фудбал Исак започна со тренинзите во Ливерпул

Исак започна со тренинзите во Ливерпул

Новото засилување на Ливерпул, Александар Исак, го одржа својот прв тренинг со тимот. Ова се случи денес, откако досега немаше можност за тоа.

Поранешниот играч на Њукасл се приклучи кон клубот во последните часови од трансфер пазарот на 1 септември, по што веднаш отпатува на кампот со националниот тим на Шведска за изминатите квалификации.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Денес Исак се појави на базата, каде што се запозна со новите соиграчи и тренерите кои беа присутни. Потоа помина низ фитнесот, а потоа се вклучи во тренингот на теренот.

Офанзивниот играч оваа сезона има само 18 минути на теренот, и тоа во натпреварот на Шведска против Косово пред неколку дена.

Останува да видиме дали Арне Слот ќе смета на Исак за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Барнли в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри ја премина секоја граница – тренерот на Милан пред жестока суспензија?

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, може да добие жестока суспензија поради навреди на…