Дома Фудбал Инзаги со големи проени: Само еден фудбалер кој стартуваше против Барселона ќе започне и вечерва

Инзаги со големи проени: Само еден фудбалер кој стартуваше против Барселона ќе започне и вечерва

Симоне Инзаги мора да менува, вечерва против Верона шансата ќе ја добијат резервистите, односно оние што помалку играа, сè во насока на најдобро закрепнување на најдобрите 11 за натпреварот против Барселона.

Италијанските медиуми дознаа дека дури и Јан Зомер ќе биде на клупата вечерва против Верона, а на голот ќе биде Мартинез.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кој ќе биде во одбрана?

Јан Бисек е единствениот што започна натпреварот против Барса и ќе почне и вечерва, Дамјан и Залевски ќе играат по фланговите, а меѓу стоперите се Де Фрај и Карлос Аугусто.

Аслани го заменува суспендираниот Чалханоглу, Фратези и Зјелински ќе бидат уште во средината, а во нападот ќе бидат Арнаутовиќ и Кореа.

Фото: Inter/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја одреди главната трансфер цел за лето!

Раководството на Манчестер Јунајтед го постави играчот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон,…