Дома Фудбал Инзаги може како Мурињо – една работа им се повторува!

Инзаги може како Мурињо – една работа им се повторува!

Фудбалскиот клуб Интер повторно е во полуфиналето на Лигата на шампионите, и не само тоа, Симоне Инзаги теоретски сè уште може да ја повтори историјата од сезоната 2009/10.

Интер е во игра во сите натпреварувања и атакува на три трофеи – Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите и сигурно има доволно шанси да ги освоји сите – исто како и во 2010 година со Жозе Мурињо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тимот на Инзаги издржа против нападите на Бајерн Минхен и се пласираше во ново полуфинале на Лигата на шампионите, а останува да видиме дали ќе може и до финалето како во 2023 година, кога трофејот им го зеде Манчестер сити.

Во Серија А, Интер сé уште ги држи работите во свои раце, бидејќи има три поени повеќе од Наполи, додека Аталанта сега заостанува дури -10. Значи, Наполитанците сега се единствен интеров ривал.Интер има и поволен распоред, бидејќи до крајот на шампионатот ќе гостува кај Болоња, Торино и Комо, а ќе ги пречекува Рома, Верона и Лацио. 

Во Купот на Италија, следната недела играат реванш полуфинале против градскиот ривал Милан, откако во првиот меч беше 1:1. Во случај на победа, Интер оди во финалето против Болоња или Емполи.

Со други зборови, Интер навистина ги држи сите работи во свои раце, особено во Серија А и Купот на Италија, додека во Лигата на шампионите ги очекува пеколна задача против Фликовата Барселона.

Интересно е што и Жозе Мурињо во 2010 година го елиминираше токму Барселона во полуфиналето, може ли Инзаги да ја повтори историјата?

Фото: Inter FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…